Де Геа, конечно, пред промоција во нов клуб

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа кој е слободен играч, се чини дека наскоро би можел да има нов клуб. Неговиот договор со „Црвените ѓаволи“ истече летото, а Јунајтед се одлучи да не му го продолжи.

Шпанецот оваа недела наполни 33 години, се споменуваше со неколку клубови. Пред две недели се споменуваше и враќање на „Олд Трафорд“, но до тоа нема да дојде.

Шпанските медиуми откриваат дека некогашната „единица“ на Манчестер Јунајтед е во напредни преговори за трансфер во Бетис. Клубот е подготвен да му даде на голманот краткорочен договор во јануари, кој ќе важи до крајот на сезоната.

Во зимскиот преоден рок Бетис најверојтно ќе остане без својот голман Руи Силва, кој е на мета на неколку клуба. Покрај него, тука е ветеранот Клаудио Браво.

Се вчитува...