ГРК Охрид без проблеми против МРК Куманово

Ракометарите на Охрид стигнаа до седмата победа сезонава во групата А од Суперлигата на Македонија, откако вечерва на домашен терен во 10. коло ја оправдаа фаворитската улога против МРК Куманово совладувајќи го со …

Домашниот тим фуриозно го отвори натпреварот и веќе на половина на првиот дел имаше огромни шест голови предност (9-3). До крајот на првото полувреме оваа разлика само се зголемуваше, а охриѓани на пауза заминаа со двоцифрена предност од (19-9).

Во вториот избраниците на Стевче Алушовски само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 33-25. Никола Шипинкоски и Владимир Бојаниќ со по пет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа седумте погодоци на Уча Гамзардија.

Се вчитува...