Очоа правеше чуда, Салернитана остана непоразена против Сасуоло

Сасуоло и Салернитана ремизираа 2-2 на отворањето на новата рунда од Калчо-лигата, дуел што беше суперинтересен ако се знае дека гостите први поведоа со 0-2, Сасуоло се врати, а потоа при 2-2 домашниот тим не искористи бројни шанси за целосен пресврт.

Минаа само 17 минути игра, а Сасуоло беше во нокдаун, откако Салернитана своите први две шанси на мечот ги претвори во погодоци преку Иквуемеси и Диа. Домашните фудбалери успеаја да се консолидираат, пред крајот на првиот дел намалија со голот на Торствет, а истиот фудбалер на самиот почеток од второто полувреме го постигна погодокот за 2-2.

Последните триесетина минути беа целосно во знакот на домашниот тим, се редеа шанси пред голот на Салернитана, но гостите го имаа извонредниот Очоа, мексиканскиот ветеран кој со неколку извонредни интервенции спречи целосен пресврт, чувајќи еден бод за својто тим кој останува на последното место на табелата.

Се вчитува...