Ремек-дело: Соиграч на Барди го постигна голот на сезоната во Турција (видео)

Трабзонспор ја продолжи серијата добри резултати со вечерашниот триумф над Коњаспор од 2-1, дуел што ќе остане запаметен по неверојатниот погодок на домашниот напаѓач Пол Онуачу.

Летното засилување кое пристигна од Саутемптон се наметна како клучен играч во нападот на Трабзон, покажувајќи го тоа со мајсторијата и на денешниот дуел, откако се снајде велемајсторски и со прецизен удар го изненади гостинскиот голман.

Погледнете ја мајсторијата на Онуачу, дефинитивно најубавиот погодок во досегашниот дел од турскиот фудбалски шампионат.

 

Енис Барди беше на клупата на Трабзонспор, но македонскиот репрезентативец воопшто не доби шанса за настап на овој натпревар.

Се вчитува...