Лука Дончиќ и Далас Маверикс го освладаа тимот на ЛА Клиперс со 144-126 во рекордна вечер на словенечкиот кошаркар кој уфрли 44 поени. Гостите го загубија третиот натпревар по ред откако направија размена за Џејмс Харден. Лесната победа на Маверикси само ги потврдија ставовите на коментаторот Брајан Дамерис кој во текот на натпреварот жестоко го критикуваше Харден.
Дамерис во еден момент упати критики кон Харден, веројатно изнервиран од изданието на популарниот „Брада“.
„Џејмс, се надевам дека слшаш, слободно прими ги овие мудрости кои ќе ги ти кажам. Секоја ноќ на колена се молам некој да верува во мене како што Дарил Мореј (генерален менаџер на тимот) веруваше во тебе. Ти донесоа и тренер каков сакаше, играше игра каква што сакаше, ти го донесоа и Двајт Хауард, Крис Пол и Расел Весбрук затоа што ги сакаше, па ги бркавте кога ти здосадуваа. Те пуштаа да одиш во Лас Вегас, менуваа распоред на летање за да одиш во провод… Ништо не беше доволно. Секогаш се жалеше на други, а тие мислеа дека се проблем. Еј, Џејмс, ти си проблем!“, кажа коментаротор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

