Се огласи таткото на Дијаз за киднапирањето: Беше многу тешко…

Луис Мануел Дијаз, таткото на напаѓачот на Ливерпул Луис Дијаз, пуштен е на слобода откако беше киднапиран и држен 12 дена од страна на припадниците на колумбиската војска на национално ослободување.

Откако ја мина целата лекарска и полициска процеура, и се одмори во друштво на семејството, Дијаз се обрати на медиумите и зборуваше за деталите за киднапирањето.

„Беше тешко, 12 часа не спиев. Ме третираа добро, но се чувствував добро. Ми недостасуваа сопругата, децата, пријателите. Немаше никаква понуда за плаќање, немаше потреба. Се беше одработено легално“, изјави Мануел Дијаз.

Новинарите го прашаа дали после ова планира преселба во Англија…

„Мојата желба е да останам во мојот град, и во нему целото мое семејство. Моите родители се погребани тука. Владата ни пружа цела поддршка и мислам дека сигурно ќе останам тука“, истакна Дијаз.

Се вчитува...