ВИДЕО: „Бомба“ од 25 метри на Атиемвен – Гостивар води со Брегалница, предност и за Брера против Струга ТЛ

Гостивар има предност од 1-0 по половина час игра во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига против Брегалница.

На дуелот кој се игра во Голема Речица, поради поплавениот терен во Гостивар, домашните до предност дојдоа во 13. минута со евро-голот на Атиемвен.

Офанзивецот на Гостивар извонредно прими една топка на 25 метри и испрати вистинска „бомба“ под гредата од голот на Давков за водство од 1-0.

И АП Брера има предност од 1-0 во Струмица против шампионот Струга ТЛ. Струмичани до водство дојдоа уште во 8. минута со голот на Рибаудо.

Се вчитува...