Вардар и Воска без предност на полувремето, АП Брера води со Струга ТЛ, Гостивар со Брегалница (ВИДЕО)

Вардар и Воска Спорт играат без предност за ниту една од екипите, 1-1, по првото полувреме во дербито на дното од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари гостите рано дојдоа до предност од 0-1 со голот на Марушиќ уште во 4. минута од натпреварот. Но, „вардарци“ брзо израмнија преку Папули во 14. минута.

На дуелот кој се игра во Голема Речица, пак, Гостивар води против Брегалница со 1-0. Домашните до предност дојдоа во 13. минута со евро-голот на Атиемвен. Офанзивецот на Гостивар извонредно прими една топка на 25 метри и испрати вистинска „бомба“ под гредата од голот на Давков за водство од 1-0.

И АП Брера има предност од 2-0 во Струмица против шампионот Струга ТЛ.

Струмичани до водство дојдоа уште во 8. минута со голот на Рибаудо.

Во првата минута од судиското продолжение, Брера зголеми и на 2-0 со голот на Јанкулов.

Првото полувреме од натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Тиквеш се уште се игра затоа што, кавадарчани доцнеа на дуелот поради дефект на нивниот автобус.

Но, Шкендија веќе има водство од 1-0 по голот на Бруно Дита во 15. минута од натпреварот.

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-1
Папули 14′ – Марушиќ 4′
Речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Атиемвен 13′
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-0
Рибаудо 8′, Јанкулов
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Дита 15′
УТРЕ (13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...