„Бомба“ од Англија: Зидан наскоро го презема Манчестер Јунајтед!

Медиумите од Англија веќе го „сменија“ Ерик Тен Хаг, а пренесуваат дека нов тренер на „Црвените ѓаволи“ ќе биде легендарниот Зинедин Зидан. Зидан е без ангажман откако го напушти Реал Мадрид, и нема работено во друг клуб освен во „кралевите“ каде освои три титули европски првак.

Медиумите одат до таму што веќе шпекулираат и со првото засилување. Засилувањето ќе биде замена за Џејдон Санчо, кој е на добар пат во јануари да си оди од „Олд Трафорд“, затоа што не сака да биде веќе дел од клубот. Еден од оние кои би можеле да пристигнат во Манчестер е Родриго, кого Зидан го гледа како идеална замена за Санчо. Наводно Манчестер е подготвен да плати 100 милиони евра за неговите услуги, иако неодамна потпиша нов договор до 2028 година и има клаузула од 1 милијарда евра.

Зидан е без работа од 2021 година откако го имаше својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид. Беше пред ангажман во ПСЖ и во некои други клубови, меѓутоа остана без работа.

Се вчитува...