Шкендија триумфираше минимално со 1-0 протв Тиквеш во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига, со што се израмни на врвот од табелата со Шкупи, кој има и натпревар помалку, со 28 бода.
Натпреварот во Тетово доцнеше 20 минути поради дефектот на автобусот на кавадарчани.
Шкендија до победата дојде со голот на Бруно Дита во 15. минута од натпреварот.
ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
Папули 14′ – Јашароски 4′, 75′
Речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Атиемвен 13′
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-1
Рибаудо 8′, Јанкулов 45’+1 – Незири 71′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Дита 15′
УТРЕ (13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

