ФОТОГАЛЕРИЈА: Тешка битка вардарова….

Повеќе од тешка битка го очекува најтрофејниот македонски клуб за опстанок во Првата лига. Сето тоа повеќе од јасно и по денешниот пораз на домашен терен од директниот конкурент за прволигашки спас, Воска Спорт.

И покрај огромната желба на сите структури во клубот, и покрај огромната навивачка поддршка која се има во желбата за резултатско издигнување, и покрај самозалажувањето со двете претходни домашни минимални победи, јасно е дека црвено-црните се далеку од конкурентен состав за позитивен резултатски континуитет кој е, пак, неопходен ако се сака реална битка за опстанок.

Вардар до крајот на есентта го чекаат две гостувања против Силекс и против Македонија ЃП, и два тешки домашни дуели со Струга ТЛ и со Тиквеш, па јасно е дека има огромен предизвик пред себе да избега од дното на табелата, во моментов со три бода заостанување зад претпоследната Брегалница…

 

 

Се вчитува...