После поразот од Челси на домашен терен, Тотенхем беше пред триумф на гостувањето кај Вулверхемптон. Водеше лондонскиот тим со 0-1 се до 90. минута, а потоа во судиското надополнување вистински шок за Тотенхем, и пресврт на домашниот тим за победа.
Поро го пронајде Џонсон кој погоди во мрежата на домашните за предност од 0-1 во 3. минута од натпреварот.
И тој резултат беше активен се до последните мигови од средбата. Кога се чинеше дека Тотенхем ќе се „зацврсти“ на првата позиција на табелата, Сарабија во 90. минута успеа да погоди и да му донесе израмнување на својот тим.
Пресвртот го донесе Лемина во 97. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

