Екипата на Реал Сосиедад дојде до шестиот триумф во Ла Лига, откако победи на гостувањето кај Алмерија со 1-3, благодарение на два гола во финишот од средбата. Алмерија беше до освојување на четвртиот бод, но на крајот мораше да се помири со поразот и да остане „закована“ на последното место.
Интересно е што сите четири гола паднаа во вториот дел. Ојарзабал во 62. минута донесе предност за гостинот. Арибас во 76. минута израмни на 1-1.
Сепак, во првата минута од судиското надополнување Фернандез од пенал успеа да донесе предност за Сосиедад, за Зубименди во петтата минута од продолжението ја запечати победата на својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА