Пецов: Мотивирани сме за три бода против Работнички

Фото: Фејсбук на ФК Македонија ЃП
Македонија ЃП утре во рамките од 14. коло на свој терен го пречекува тимот на Работнички. Двата тима ќе се обидат да избегаат од долниот дел на табелата и да „запливаат“ во помирни води.
Дефанзивецот на Македонија ЃП Христијан Пецов, кој во минатото играше за Работнички, очекува добра игра на својот тим и победа.
„Атмосферата во клубот никогаш не била проблем, како што е сега. Но секако после поминувањето во полуфинале на Купот ни дава уште поголем мотив за работа. Не очекува незгоден противник утре со добар квалитет, секоја почит за Работнички, но ние сепак сме Македонија ЃП и влегуваме максимално мотивирани за нови 3 бода како и на секој натпревар до сега“, рече Пецов.

Се вчитува...