Гостивар го совлада Чаир 2030, Еуро Никел убедлив против Охрид

Кошаркарите на Гостивар добро се намачија да дојдат до победа над Чаир 2030. На крајот гостиварци славеа триумф од 89-84, и тоа благодарение на одличната игра во третиот период, кој го добија со десет разлика (31-21), откако првиот дел се заврши со предност на гостите.

Залудни беа 36-те поени на Корбер од Чаир, и 17 скока. Кај домашните Инграм постигна 26 поени и беше најефикасен во тимот на Гостивар.

Екипата на Еуро Никел со убедлив триумф го заврши мечот против Охрид. Домашните имаа проблеми само во првата четртина која ја добија „тесно“ со 20-18, а потоа само ја зголемуваа разликата. Најклучни беа последните две четвртини во кои Еуро Никел направи убедлива предност, и на крајот славеше триумф од 100-59.

Григоријевиќ кај Фени и Столевски кај Охрид беа најефикасни со по 16 поени.

Се вчитува...