Килијан Мбапе вечерва постигна три гола во дуелот против Ремс, и практично сам ја донесе победата од 0-3 во францускиот шампионат.
Сепак, и покрај тоа што му донесе победа на Енрике, тренерот не е задоволен од неговиот настап, и кажа дека ќе разговара приватно со него, што е апсолутно чудно.
„Не сум задоволен од Килијан денеска. Нема да кажам ништо за головите. Но, тој може да му помогне на тимот повеќе на различни начини. Тој е светска класа, и ние сакаме повеќе. Сега ќе одам да зборувам со него, тоа е приватно“, рече Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА