Екипата на Борнмут го совлада Њукасл во 12. коло од Премиерлигата. И покрај тоа што „страчките“ влегоа како фаворити, сепак, домашните го имаа расположениот Доминик Соланке кој постигна два гола во победата на својата екипа.
Соланке во 60. минута успеа да го донесе својот тим во предност, а само 13 минути подоцна и втор пат да го најде патот до голот на Поуп.
Ако беа поефикасни играчите на домашниот тим, можеше победата да биде и со поголема разлика откако во финишот Борнмут испушти неколку добри шанси.
Борнмут дојде до само вториот триумф во сезоната, и успеа за момент да избега од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА