Пелистерци редат победи, во Битола совладан ТФТ

Кошаркарите на Пелистер дојдоа до петтиот триумф по ред, откако вечерва на свој паркет во Битола го совладаа составот на ТФТ со 87-70. Победата ќе беше поубедлива, ако немаше опуштање во редовите на домашниот тим во финишот од средбата, односно во последната четвртина која ја добија гостите.

Пелистер почна добро, го доби првиот период со 28-21, а во вториот додаде уште повеќе гас и на полувреме замина со предност од 17 разлика. На крајот од третиот период имаше и предност од 27 поени разлика, за таа да се стопи во последниот период.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стојановски со 15 поени, а кај ТФТ Зафиров постигна 16 поени.

Се вчитува...