Работнички до четвртиот триумф, ФМП Академија остана на „нула“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Работнички дојдоа до четвртиот триумф во сезоната, откако го совладаа последнопласираниот тим на ФМП Академија на гостин со убедливи 68-98.

Работнички имаше мали проблеми во првата чевртина, во која ФМП успеа да се држи со фаворитот, за во втората четвртина да им се случи целосен „потоп“. Тимот од Градски Парк вториот период го добија со неверојатни 26-5, и така да заминат на полувреме со разлика од плус 24 поени.

Во третиот период мало опуштање на Работнички, па ФМП го доби тој период со 28-27, но веќе победникот беше обезбеден, па така Работнички само рутински го одработи крајот на мечот со позитива во последниот период.

Најефикасен беше Стојан Ѓуроски со 23 поени, додека кај ФМП Петровски со 18 поени.

 

Се вчитува...