Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно го стартуваше настапот во квалфикациите на Челинџер турнирот кој се игра во јапонскиот град Кобе.
Ивановски во првото коло од квалификациите славеше против домашниот тенисер Риуки Мацуда со 2-1, по сетови 6-7, 6-2 и 6-2. Откако го загуби првиот сет во тај-брејк, следните два Македонецот ги доби без поголеми проблеми и на крајот запиша нова победа сезонава.
Последна пречка пред главниот турнир за Ивановски ќе биде уште еден домашен тенисер, а се работи за 556. играч во светот, Џејмс Кент Тротер кој игра под јапонско знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

