ПМФЛ: Шкупи ќе има тешка задача во Кратово, Македонија ЃП и Работнички во „скопскиот класик“

Со два натпревари денеска ќе се затвори 14. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерите на Шкупи ќе се обидат повторно да се одделат на врвот на табелата во ПМФЛ, но ќе имаат тешка задача на гостувањето на секогаш незгодниот терен во Кратово против, Силекс.

Во скопскиот класик, Македонија Ѓорче Петров ќе го пречека Работнички. Дефанзивецот на Македонија ЃП Христијан Пецов, кој во минатото играше за Работнички, очекува добра игра на својот тим и победа.

„Атмосферата во клубот никогаш не била проблем, како што е сега. Но секако после поминувањето во полуфинале на Купот ни дава уште поголем мотив за работа. Не очекува незгоден противник утре со добар квалитет, секоја почит за Работнички, но ние сепак сме Македонија ЃП и влегуваме максимално мотивирани за нови 3 бода како и на секој натпревар до сега“, рече Пецов.
ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
ДЕНЕСКА (13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
Папули 14′ – Марушиќ 4′
Речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Атиемвен 13′
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-1
Рибаудо 8′, Јанкулов
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Дита 15′

Се вчитува...