Машката сезона во алпско скијање никако да стартува: Откажан и вториот спуст во Цермат

И третата трка во Светскиот куп во машка конкуренција во алпско скијање не го дочека својот крај, откако е откажана и втората спуст трка која утрово требаше да се вози во Цермат (Швајцарија) и Сервинија (Италија).

Првата трка во историјата која требаше да се вози во две земји е откажана поради временски проблеми, како и првата ден претходно, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Со оглед на тоа што ветрот веќе го прекина машкиот велеслалом во Зелден на крајот на октомври, скијачите ќе мора да чекаат да започне сезоната во американскиот Бивер Крик со два спустови и супер-Џи од 1. до 3. декември.

Овој нов неуспех, исто така, ја загрозува иднината на патеката Цермат-Сервинија, првиот прекуграничен ФИС натпревар кој требаше својата премиера да ја има во 2022 година, но се уште не го дочека својот старт.

Се вчитува...