ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Силекс води со Шкупи, Ѓорче и Работнички играат без голови (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс имаат предност од 2-1 на полувреме против Шкупи во натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Гостите стигнаа до водство од 0-1 со автоголот на српскиот интернационалец Николиќ во 12. минута од натпреварот. Србинот се извади за грешката само пет минути подоцона откако израмни на 1-1. Домаќините дојдоа до целосен пресврт со погодокот на Каланоски во 41. минута.

Во вториот меч од денешната програма во скопското дерби Македонија Ѓорче Петров и Работнички на полувреме играат без голови 0-0.

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
ДЕНЕСКА (13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1 
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0-0
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
Речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...