ЖРК Ѓорче Петров направи голем чекор кон осминафинале во ЕХФ купот

Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров стигна до голем триумф на гостувањето во Белгија кај Јупен со 39-46 во првиот натпревар од двомечот од шеснаесеттина финалето во ЕХФ купот.

„Лавиците“ одиграа неверојатен натпревар, посебно во фазата на напад откако во првото полувреме успеаја да постигнат дури дваесет и три погодоци и на пауза да заминат со позитва од 19-23. Во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултатот и да стигнат до конечен триумф од 39-46. Ана Марија Коларовска со десет гола и Анастасија Николовска со девет беа најдобри поединци во таборот на македонскиот шампион.

Реванш натпреварот кој ќе се игра во Скопје е закажан за следната недела.

Се вчитува...