Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во меч кој траеше повеќе од три часа славеше со 2-1, по сетови 7-6, 6-7 и 6-3 против Данецот Холгер Руне во првиот меч од зелената група на АТП завршниот турнир во Торино и со тоа го осигура првото место на крајот на сезоната на АТП листата.
Првиот сет ни донесе вистинска битка во која по 1.13 час Србинот успеа да слави во тајбрејкот со 7-4. Во вториот сет се играше минута повеќе, а тој исто така заврши во тај-брејк, каде младиот Данец овојпат се реваншираше (7-1).
Во клучниот трет сет Ѓоковиќ прв стигна до брејк (2-0), кој Руне веднаш го врати, но мораше да побара и медицинска помош. Најдобриот тенисер во светот успеа да направи уште еден брејк што беше доволен за конечен триумф од 6-3.
Ова за Ѓоковиќ ќе биде рекордна осма година која ќе ја заврши како најдобар светски тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА