Калин Ивановски се избори за место на главниот турнир во Кобе

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во главната фазаа од Челинџер турнирот кој се игра во јапонскиот град Кобе откако во финалето на квалификациите славеше со 2-1 против Џејмс Тротер.

Во мечот кој траеше два часа и 41 минута, Македонецот имаше негатива по првиот сет против Јапонецот (7-5), но успеа да слави во трај-брејкот во вториот сет (7-6), а потоа да го добие и одлучувачкиот трет сет со 6-4.

Противникот на Ивановски во главната фаза ќе биде познат денеска.

Се вчитува...