Федерико Димарко беше човекот на одлука на синоќешниот триумф на Интер над Фросиноне, откако левиот бек на „нероаѕурите“ постигна спектакуларен гол од над 50 метри, изненадувајќи го истрчаниот голман.
Интер се мачеше да го скрши отпорот на гостите, а пред самиот крај на првото полувреме Димарко по една акција од левата страна имаше опција да го проигра Дамфрис кој втрчуваше кон шеснаесетникот, но италијанскиот репрезентативец ги изненади сите со одлуката да шутира директно кон голот, предизвикувајќи еуфорија на трибините кога топката заврши во мрежата.
„Немаше тука ништо случајно. Го погледнав Дамфрис, видов каде се наоѓа голманот и решив да се обидам. За среќа, топката влезе во мрежата, ако не, ќе имаше многу пцовки од трибините. Секако, ова е еден од моите најубави голови во кариерата, не одигравме како што знаеме, но најважно е што успеавме да стигнеме до победата“, изјави Димарко по мечот.
Dimarco goal is a poskas nominee pic.twitter.com/D0KtKkb1as
— Willie🤍✌🏾RM (@williewiliam) November 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА