„Ел Пистолеро“ се враќа назад во репрезентацијата на Уругвај

За прв пат по Светското првенство во Катар 2022 година, легендарниот напаѓач Луис Суарез е повикан во репрезентацијата на Уругвај за квалификациите за престојниот собир на најдобрите светски репрезентации во 2026 година.

Искусниот 36-годишник ќе биде дел од престојните два натпревари во кои Уругвај силите ќе си ги одмери со Аргентина и Боливија.

Селекторот Марсело Бјелса не му даде доверба на поранешниот фудбалер на Ливерпул и Барселона за првите четири натпревари во квалификациите, но добрите настапи за Гремио во бразилското првенство го вратија назад во репрезентацијата.

Популарниот „Ел Пистолеро“ досега настапи на 137 натпревари за Уругвај и постигна вкупно 68 голови со кои е најдобриот стрелец во историјата на оваа јужноамериканска репрезентација.

Се вчитува...