Кошаркарите на Милвоки бакс стигнаа до нов триумф во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен против Чикаго булс со 118-109.
Повторно најдобар во таборот на шампионот од 2021 година беше Јанис Адетокумбо кој мечот го заврши со 35 поени надополнети со 11 скока и две асистенции. Кај поразените најефикасен беше Никола Вучевиќ со 26 поени.
Kошаркарите на Торонто репторс успеаја да се вратат од негатива од 23 поени и со пресврт да слават против Вашингтон визардс со 111-107. Паскал Сиакам со 39 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кајл Кузма заврши со 34 поени.
Во oстанатите мечеви од синоќешната понуда: Бостон – Њујорк 114-98 и Сакраменто – Кливленд 132-120.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

