Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец Лионел Меси изјави дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола „нанел голема штета на фудбалот“, бидејќи многу тренери се обидуваат да го копираат каталонскиот стручњак, пренесува шпански „Мовистар плус“.
Меси и Гвардиола работеа заедно од 2008 до 2012 година во Барселона, а многу експерти тврдеа дека Барселона во тој период го играше најубавиот фудбал во историјата на овој спорт.
„Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Но секако дека не е така“, изјави Меси.
Гвардиола беше тренер на Барселона од 2008 до 2012 година, а потоа од 2013 до 2016 година го водеше Баерн. Тој е менаџер на Манчестер Сити од 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА