Игор Тудор е на чекор до седнување на клупата на Наполи по успешните преговори што синоќа беа водени меѓу неговиот агент и првиот човек на италијанскиот шампион, Аурелио де Лаурентис.
Проблем претставуваше инсистирањето на Де Лаурентис на Тудор да му биде понуден договор само до крајот на сезонава, со можност клубот да ја продолжи соработката за уште една сезона активирајќи клаузула во текот на сезонава. Хрватот најпрвин инсистираше на договор до јуни 2025 година, но откако му стана јасно дека Де Лаурентис нема да отстапи од својот став, Тудор на крајот ја прифати понудата.
Според договорот на маса, хрватскиот стручњак ќе заработи 1,8 милиони евра до крајот на сезонава, а доколку остане во Наполи и наредната сезона, платата ќе му биде три милиони евра за 2024/25.
Дел од медиумите тврдат дека Де Лаурентис сака да разговара и со поранешниот тренер на Наполи, Валтер Мацари, но Тудор е апсолутен фаворит во оваа трка и се очекува до крајот на денешниот ден и официјално да биде промовиран во нов кормилар на „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

