Вестерхолм: Одличната партија на нашиот голман беше клучна за победа над Алкалоид

Ракометниот вицешампион на Македонија, Алкалоид го забележа и вториот пораз сезонава во Лигата на Европа откако вечерва на домашен терен во 3. коло загуби од данскиот Бјерингбро Силкеборг со 23-31.

Тренерот на данскиот тим, Патрик Вестерхолм вели дека во првиот дел биле изненадени од брзата игра на Алкалоид, но на овој меч многу им помогнала феноменалната партија на голманот Локвист.

„Беше навистина тешко во првото полувреме против брзите ракометари на Алкалоид. Во второто успеавме да се прилагодиме, а многу ни помогна и одличната партија на нашиот голман Локвист беше клучна да направиме голема предност и на крајот да победиме“, изјави Вестерхолм. 

Слично размислува и крилото на клубот, Лудвик Халбак…

„Многу важни два бода, бидејќи беше тешко во првото полувреме. Имавме среќа што нашиот голман беше на нивото и тоа многу ни помогна да стигнеме до победа“, изјави Халбак. 

Се вчитува...