Германскиот прволигаш Мајнц го отпушти холандскиот фудбалер Анвар Ел-Гази поради објава на Инстаграм, на која пружи поддршка на Палестина откако изби конфликтот во појасот Газа.
Ел Гази во Мајнц стигна на почетокот на оваа сезона како слободен играч, а претходно беше дел од ПСВ, Ајакс, Лил, Астон Вила и Евертон.
Фудбалерот сега се реши да го тужи Мајнц поради начинот на кој заминал во клубот. Наводно Мајнц не го известил дека ќе добие отказ, што е вообичаена пракса кога се раскинвуа договор. Се очекува преставниците на клубот и на играчот да завршат на судска маса на почетокот на декември, јавува „Билд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА