Денвер Нагетс на крилата на фантастичниот Никола Јокиќ, дојде до нова победа во НБА лигата. Совладан е тимот на ЛА Клиперс со 111-108, а Јокиќ запиша 32 поени, 16 скока и 9 асистенции, што беше блиску до трипл-дабл.
Заедно со него уште четворица имаа двоцифрен учинок, а најмногу уфрли Арон Гордон (20). Залудни беа 35-те поени на Пол Џорџ во редовите на Клиперс.
Од друга страна Лука Дончиќ имаше вечер за заборав. Неговиот Далас е поразен од Њу Орлеанс Пеликанс со 131-110, а Словенецот постигна „само“ 16 поени.
Најубедлив триумф оствари Оклахома која на свој терен го „прегази“ Сан Антонио со 123-87. Кошаркарите на ЛА Лејкерс го победија лесно Мемфис со 134-107.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Мајами 105:111
Детроит – Атланта 120:126
Филаделфија – Индијана 126:132
Бруклин – Орландо 124:104
Оклахома – Сан Антонио 123:87
Њу Орлеанс – Далас 131:110
Јута – Портланд 115:99
Денвер – ЛА Kлиперс 111:108
Голден Стејт – Минесота 101:104
ЛА Лејкерс – Мемфис 134:107
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА