Легендарниот Петар Чех ќе брани за прволигаш

Поранешниот голман на Челси кој го има легендарниот статус во лондонскиот клуб, Петар Чех пред четири години ја заврши богатата кариерата на зелениот терен со сите можни освоени трофеј, но не замина од светот на спортот, туку голманските ракавици ги замени со хокејарските каде продолжи со одличните настапи.

Чех настапуваше во второлигашкото хокејарско првенство на Велика Британија за Оксфорт Сити Старс, но сега има нов клуб. Станува збор за Белфест Џајантс, тим од првата хокејарска лига на Северна Ирска.

Чехот веќе се запозна со овој тим на хуманитарниот натпревар за помош на жртвите од војната во Украина, а од раководството не го криеја задоволството од неговиот ангажман.

„Петр е трофеен спортист кој знае што е потребно за да настапува на високо ниво, неговиот допринос за нашиот тим ќе биде непроценлив“, изјави тренерот Адам Киф.

Се вчитува...