ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Иако нашата репрезентација ги загуби шансите за пласман меѓу 24 најдобри селекции на стариот континент, сепак мотив повеќе за избраниците на Боби Милевски е повторно да му ги поматат сметките на четирикратниот светски шампион, на кого мечот против Македонија му е да се биде или не во овој квалификациски циклус.
Во моментов на табелата во групата Ц, Украина на втората позиција има три бода повеќе од Италија, но и натпревар повеќе. Доколку Италијанците победата против Македонија, на актуелниот европски шампион ќе му биде потребен само бод на последниот дуел против Украина.
Фудбалерот на Шахтјор, Херхи Судаков не верува во изненадување на Македонија, бидејќи во интервју за италијанските медиуми вели дека тој и неговите соиграчи ќе одат на победа на последниот меч кој директно ќе одлучува за која ќе биде втората репрезезентација покрај Англија која од Ц сегментот ќе игра на ЕВРО 2024.
„Италија има неверојатни фудбалери во средниот ред како што се Заниоло, Барела, Локатели. Италија е многу силна, тие се актуелен европски шампион, имам голема почит кон нив. Сепак, ние ќе се бориме и ќе дадеме се од себе бидејќи ќе мора да победиме. Да ја победиме Италија и да се пласираме на ЕП е нашиот најголем сон. Сеакако, се разбира по мирот во нашата земја“, изјави Судаков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА