Младата македонска репрезентација игра без голови по првото полувреме на натпреварот против Грузија кој се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во квалификациите за ЕП 2025.
Апсолутно безидеен натпревар на младите македонски репрезентативци кои за 45 минути имаа само еден безопасен шут од далечина кон голот на Грузијците, кои исто така воопшто не се заканија по македонскиот гол.
И двата тима останаа должни на и онака малиот број присутни навивачи на комплексот на ФФМ во Скопје.
Единствено возбудување беше во 40. минута кога дојде до несакан судир меѓу играчите на двата тима, при што грузискиот репрезентативец по завршен дуел на терен, отпосле го удри Фетаи, но Маматашвили зачудувачки заработи само жолт картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА