Гарсија преку социјалните мрежи се збогуваше со Елмас и компанија

Французинот Руди Гарсија преку социјалните мрежи се збогуваше од Наполи и неговите фудбалери по отказот кој доби од актуелниот италијански шампион Наполи по лошите резултати на почетокот на сезоната.

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не можеше да помине преку лошиот старт на сезоната на тимот под водство на Гарсија па се одлучи на негово заминување, а поставувајќи го Мацари како нов тренер до крајот на сезоната.

Гарсија, на крај, испрати збогум-порака преку социјалните мрежи…

„Ова не е начинот на кој замислував дека ќе заминам и дека ќе ви се заблагодарам на сите кои бевте покрај мене од првиот ден. Најискрена благодарност за поддршката, како и на фудбалерите, така и на останатите кои беа во контакт со екипата. Посакувам многу успех во иднина“ – напиша Гарсија.

Се вчитува...