ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди вели дека ова е нов натпревар и очекува различен меч од сите претходно.
„Најпрво морам да кажам дека тоа што беше на минатите натпревари веќе е историја. Тие мечеви ќе ни помогнат само да ги поправиме грешките што ги направивме. Очекувам утре се да биде различно, бидејќи е нов натпревар. Подготвени сме за утрешниот натпревар и не треба да кажам дека сме мотивирани, бидејќи самото тоа што сме во репрезентацијата е голема мотивација. Имаме нови фудбалери и вакви мечеви се добар предизвик за во иднина да бидеме уште подобри“, вели Барди.
Тој дополнува дека сигурно Италија нема да не потцени…
„Мислам дека во секој меч даваме максимум и фудбалерите сами се подготвуваме за тие мечеви. Не верувам дека Италија не потценува бидејќи имаме и ние многу квалитетни играчи. На терен ние секогаш гинеме за репрезентацијата и така ќе биде и утре. Овие мечеви не се големи само за нас туу и за цела Макдедонија и се надевам дека ќе се радуваме и ние и Македонија“, додава Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

