Уругвај направи подвиг во јужноамериканските квалификации за СП откако оваа селекција како гостин ја совлада Аргентина со 0-2. Аргентинците се наоѓаа во серија од 14 меча без пораз, на домашен терен немаа неуспех цели седум години, но синоќа немаа одговор за одличниот уругвајски состав.
Араухо ги доведе гостите во водство од 0-1, а во вториот дел на сцена стапи Дарвин Нуњез, кој со гол од контранапад зголеми на 0-2 и ја запечати победата.
Лео Меси настапи за Аргентина, го погоди дирекот во второто полувреме, но најдобриот аргентински фудбалер беше далеку од посакуваниот ритам на овој натпревар. Уругвај сега има десет бода и се наоѓа на второто место на табелата, два помалку од водечката Аргентина.
Венецуела е четвртопласирана по ремито од 0-0 со Еквадор, со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Чиле и Парагвај, додека Боливија го доби „дербито на дното“, славејќи со 2-0 над Перу.
Uruguay 1st goal vs. Argentina was born out of Matias Viña’s fighting spirit. Araujo kissing the crest was iconic.pic.twitter.com/mXLkBie16B
— Uruguay Football ENG (@UruguayFootENG) November 17, 2023
Darwin Núñez only went and ended Argentina’s 14 match unbeaten streak 🐐
His raw pace and ability is frightening.
— 𝑾𝒊𝒍𝒄𝒐🧣 (@WilcoFtbl) November 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА