Англиската Премиерлига му одзеде 10 бодови на тимот на Евертон поради прекршување на правилата за профит и одржливост во Премиерлигата.
Клубот беше даден на независна комисија во март, за наводни прекршувања во сезоната 2021/22, а сослушувањето беше минатиот месец.
Евертон можеше да биде казнет и со забрана за трансфери, но раководството на англиската Лига се одлучи да му одезде бодови, со што тимот ќе падне на претпоследното место, со ист број на бодови (четири) како последнопласираниот Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА