И покрај тоа што Англија е веќе пласирана на Европското првенство 2024 година, но против Малта и Македонија селекцијата ќе има многу промени во своите редови. Причината е поради големиот број на откажувања поради повреди.
Селекторот Саутгејт призна дека неговите планови се променети на последните два меча поради многуте отсуства. Но, од друга страна ќе може да види со каков калитет располагаат оние кои не добиваа шанса во досегашниот тек на квалификациите.
„Секогаш мора да се прилагодиме. Можеби ќе има две можни формации за следните натпревари, но никогаш не знаете што ќе ви застане на патот. Загубивме повеќе играчи од нормалното. Меѓу нив има и сериозни повреди. Но, ова е можност за други фудбалери да се докажат“, истакна Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА