За тренерот на Алкараз нема дилема: Ноле е број еден

Тренерот на Карлос Алкараз, Хуан Карлос Фереро даде одговор на популарното прашање „Кој е најдобар на сите времиња“.

Според поранешниот тренер број еден тоа не е неговиот сонародник Рафел Надал, не е ниту Роџер Федерер, туку српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и тоа без дилема.

„Според бројките на Ѓоковиќ воопшто не треба да има дебата. Можеби повеќе ви се допаѓа Рафа, може повеќе ви се допаѓа Федерер, но бројките кажуваат се. Најдобар во историјата е Новак Ѓоковиќ.

Не ме изненадува тоа што се уште игра на врвно ниво и оваа година освои три грен-слема. Тоје е играч кој живее за тенис и за тоа да постигнува најдобри можни резултати. Внимава на се за да биде физички совршен. Од исхрана до одмор. Мора да бидеш врвен во многу работи за да бидеш таму каде што е тој. Денеска на тенисерите им е уште потешко да имаат нормален живот и да бидат професионалци, да се посветат на тенисот. Ѓоковиќ е најдобар во тоа, посветен е“, изјави Фереро.

Се вчитува...