ЕКИПА во Рим
Никола Станикевски
Македонската репрезентација во најавениот состав ќе и се спротистави на Италија вечерва од 20:45 часот на „Олимпико“ во Рим, во претпоследниот квалификациски натпревар од Групата Ц за пласман на ЕП 2024.
Селекторот Благоја Милевски, како што се очекуваше во формацијата 3-5-2, со две измени во почетните 11 во однос на претходниот октомвриски собир. Во средниот ред, заедно со Агон Елези ќе биде Аријан Адеми, заедно со стандардниот Барди а веднаш зад напаѓачите Елиф Елмас и Бојан Миовски.
Во одбраната, на десната бековска позиција ќе биде Бојан Димовски, во средината стандардната тројка Серафимов, Муслиу и Манев, и на левата бековска позиција Езгијан Алиоски.
Италијанците, пак, со голем број промени во стартниот тим во однос на септемврискиот меч во Скопје, сега ќе напаѓаат по трите бода со Берарди, Распадори и Киеза.
Во формацијата 4-3-3 кај Италијанците, пак, во средниот ред ќе бидат Барела, Жоржињо и Бонавентура.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА