Македонската кикбокс селекција со тројца натпреварувачи на Светското првенство во Португалија (ФОТО)

Македонската кикбокс репрезентација отпатува на ВАКО Светското кикбокс првенство кое од утре па до 26. ноември се одржува во Албуфеира, Португалија.

Репрезентацијата ја предводи претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко, заедно со тренерот Драган Атанасовски. Македонија на светскиот шампонат ќе ја претставуваат Бобан Илиоски, Андреа Костовска и Климент Грозданоски. На ова Светско првенство ќе учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави од светот и 1429 натпреварувачи.

„Репрезентацијата е комплетно подготвена. Нашата цел е веќе поставена – атакуваме на светско злато. Поткрепени сме енергетски со светски познатиот пијалак “PRIME” и одиме да собереме светски медали“ – ни изјави претседателот Митровски пред заминувањето за Португалија.

 

Се вчитува...