Кошаркарите на Партизан ја запишаа и третата победа во осмиот свој натпревар во Евролигата, триумфирајќи во Белград со 89-74 над екипата на Алба Берлин.
Освоен израмнетоста во првата четвртина, се останато на мечот беше игра за победа на црно-белите кои откако на полувремето заминаа со предност од 43-40, во второто полувреме целосно доминираа на паркетот.
Рутински низ вториот дел избраниците на Жељко Обрадовиќ ја градеа предноста за на крај повеќе од заслужена победа од 15 поени разлика.
Алекса Аврамовиќ со 20 поени беше најзаслужниот за победата на Партизан, а Анџушиќ го заврши мечот со 16 постигнати поени.
Барселона, пак, повеќе се мачеше на мечот со Валенсија но на крајот дојде до седма своја победа во деветтиот меч од 74-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА