Мурињо пазари од Локомотива Загреб

Португалскиот стратег Жозе Мурињо сака да го види во редовите на Рома, актуелниот фудбалер од средниот ред на Локомотива Загреб, 18-годишниот Фабијан Кривак, пренесуваат италијанските медиуми.

Голем дел од италијанската јавност е изненадена од желбата на Мурињо да пазари од Локомотива Загреб, но Португалецот е цврсто решен во јануари во Рома да го донесе Кривак.

Рома е подготвена да плати на Локомотива отштета од три милиони евра, а ќе добие и одреден процент од следниот трансфер на младиот фудбалер.

Се вчитува...