Хрватска победи во Летонија и сега е на еден чекор до ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска во последното коло сама ќе одлучува за својот пласман на ЕП 2024 во Германија, откако во претпоследното коло триумфираше денеска на гостувањето против Летонија во Рига со 0-2.

„Коцкестите“ целокупната задача си ја завршија во првото полувреме и тоа за само 15 минути. Најпрво Мајер во 7. минута донесе предност од 0-1, а потоа во 15. минута и Крамариќ зголеми на 0-2 што се покажа како конечен резултат на дуелот.

Сега во последното коло во Групата Д, Хрватска на домашен терен ќе треба да ја победи Ерменија за да биде сигурен патник на ЕВРО 2024, откако Велс денеска киксираше во Ереван, ремизирајќи (1-1) со Ерменците.

На дуел во Групата И, во битката на дното, Белорусија ја победи Андора со 1-0.

Се вчитува...