Јончевски си поднесе оставка од тренерската функција во Кожув!

Александар Јончевски си поднесе оставка на тренерската позиција во Кожув по денешниот пораз на тимот на гостувањето во Скопје против Академија ФМП.

Кожув има лош старт на сезоната со само две победи во осум меча, па селекторот на македонската репрезентација се одлучи да се раздели со клубот.

Согласно информациите од Гевгелија неговата оставка ќе биде прифатена од раководството на Кожув и во понеделник се очекува именување нов тренер на поранешниот македонски вицешампион.

Јончевски претходно и во периодот од 2018 до 2021 година го водеше Кожув а во својата кариера беше тренер и на Гостивар и Трепча.

Се вчитува...