Франција синоќа го демолираше составот на Гибралтар со 14-0, најубедлива победа во историјата на „триколорите“, уривајќи ги досега рекордните 10-0 против Азербејан од 1995 година.
Во главна улога беше Килијан Мбапе, најдобриот француски фудбалер реализираше хет-трик, згора на тоа имаше и три асистенции, а Мбапе со ова остварување стигна до 300 гола во кариерата, и тоа само на 24-годишна возраст. Повеќе голови од него на 24 години имал само Пеле (440), а само за споредба, Лео пред својот 25. роденден имал 279 погодоци, а Кристијано Роналдо 160 пати ја имал затресено противничката мрежа.
„300 гола? Навистина? Па тоа е лудо… Искрено, знам дека можам уште подобро, треба само напорно да работам и во мојот клуб и во репрезентацијата“, изјави задоволно Мбапе по синоќешниот меч со Гибралтар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

